Пред 554 години, на ист ваков ден, во мугрите, турските војски го освоија Константинопол, престолнината на Византија. Ова е можеби најпотресната вест која некогаш одекнала во светската историја. Константинопол, денешен Истaнбул, основан е од Императорот Константин Велики и прогласен за престолнина на Римското Царство во 330 година. „Окото на светот“ како што го нарекуваат историчарите е најубавиот град кој некогаш бил изграден на земјата. Цркви украсени со скапоцености, Палатата на Цезарите, Св. Софија, Хиподромот, форуми, плоштади, триумфални арки… Многу од ова е уништено во првиот пад на Империјата во 1204 кога го освојуваат Крстоносците, за конечно на денешен ден (Црниот Вторник), Османлиските Турци да ја запечатат неговата судбина, по скоро двомесечна опсада.
Градот е опседнат на 2 април 1453 година од околу 100 000 турска војска предводена од Великиот Султан Мехмед II, наречен Освојувачот. Последниот Византиски Цар Константин XI Палеолог Драгаш очајнички го брани својот опколен град со помалку од 7000 христијани. Помошта од запад за изгладнетата престолнина на Цезарите никогаш не стигнала. Градот е херојски бранет скоро 2 месеци постојани напади.
Ноќта помеѓу 28 и 29 мај додека турските војски се спремаат за последниот напад, во големата соборна црква Света Софија Патријархот ја одржува последната богослужба пред насобраните граѓани. Меѓу нив е и самиот Цар, за последен пат помеѓу своите поданици. Потоа заминува кон копнените бедеми, изградени 1000 години пред тоа од Императорот Теодосиј Велики.
„Прости ми Господи што сум Цар без Царство…“ Од една од кулите близу до Каризиската порта го набљудува турскиот логор. И тој и сите во Градот знаат дека крајот е близу. Ја вадат иконата на Св. Богородица (се верувало дека ја насликал лично Апостол Лука), најсветата икона на Византија, надевајќи се дека нејзината чудесна моќ ќе го одвлече непријателот далеку од нивното Царство…
Наспроти него, младиот и енергичен Султан ги храбри своите војници, онака како што секој муслимански средновековен воин би ги храбрел, ветувајќи им го големиот Град и неговите богатства кои им се пред нив да го пљачкаат 3 дена и 3 ноќи.
„Господ е еден, а Мухамед е неговиот пророк“ По султановите зборови почнува целосниот напад на градот. По неколкуте одбиени бранови војска, некаде во мугрите, еден вод на турската војска успева да се пробие низ портата која Христијаните ја беа претходно заборавиле-малата Керкопорта во квартот Влахерни. Брзо после тоа на една од кулите над Влахерни се извива турско знаме, а реки од турски војници се втурнуваат во градот.
Одбраната е скршена. Царот со неговата придружба одјавнува накај Керкопорта. Свесен дека тука е крајот ги симнува царските обележја и се втурнува во борбата. Тука е виден за последен пат. Ја наоѓа смртта која ја бара. Неговото тело не е пронајдено. Има искази дека е пронајдено тело на чии чорапи бил извезен кралскиот орел, но присутните заробеници не го препознале во него својот Цар. Според друга приказна, помеѓу мртвите, некои заробеници го препознале Константин и на тоа тело му била отсечена главата. Султанот покасно им го предал телото на народот да го погребаат според обичаите. Долго време во квартот Вефа на љубопитните им бил прикажуван еден необележан гроб за кој верувале дека е гробот на Константин.
Според легендите, Царот бил спасен „од Анѓел кој долетал од небото и го однел под Златната Порта каде Царот сеуште спие. Низ таа порта Царот повторно ќе влезе кога градот повторно ќе го освојат Христијаните“. Така зборува легендата. Турските Султани по ова ја заѕидале Златната Порта и така е се до денес.
После падот на Константинопол, градот станува престолнина на новата силна Османлиска империја се до 1932 година. Прекрстен е во Истанбул. Соборниот храм Света Софија после 1000 години е претворен во џамија. Голем дел од населението (околу 40 000) е однесен во робство. Само квартовите кои се предале на Султанот без борба (Петрион, Фанар…) не ги снашла ужасната судбина на останатите жители. И ден денес во нив живеат Христијани. Голем дел од величествените цркви се осквернавени, ограбени, срушени или едноставно претворени во џамии. До пред 50 години од византиско време биле останати само 3 цркви (Св. Димитрија Канаву, Св. Марија Монголска и уште една помала црквичка која не ја ни забележале). Тажна е судбината на победените.
Сепак, после освојувањето на Константинопол, новите владетели, турските султани, градат нов и величествен град. Новиот Истанбул станува космополитски град, град на многу вери, народи кои живеат во мир. Така е и денес.
Сепак, царството не умира тука. Одекот на Византија е насекаде до каде и стигнало нејзиното влијание. Живее во духовниот склоп на потомците на нејзините поданици. Наднационалното царство никогаш во потполност не умрело. Историјата оди понатаму.
Ако патот некогаш ве однесе, обавезно посетете ја преубавата Турција, земја изградена на темелите на некогашната Ромеја (Византија). Доживејте го барем на кратко сонот на великите Константин и Јустинијан.
Покој на душите на сите кои загинаа тие денови +
Во чест и сеќавање на датумот, превземи

Императорот Константин Палеолог, утрото на 29 мај 1453

Константин Палеолог е прогласен за маченик и светец

Султанот Мехмед II Освојувачот на Византија

Мечот на Султанот Мехмед II Освојувачот на Византија

Св. Софија

Св. Софија, Портата на Императорите – само Цезарите смееле да поминат низ неа

Св. Софија, Портата на Цезарите – се вели оти дрвото од кое е направена потекнува од арката на Ное

Св. Софија, Првиот мозаик изработен по Иконокласицизмот на Богородица и Исус, направен по налог на Патријархот Фотиј

Св. Софија, Византиски крст во сончев диск од кукасти крстови

Св. Софија, Ѕиден мозаик

Св. Софија, столб со изгравиран грб на Јустинијан

Св. Софија, Ѕиден мозаик – Императорот Јован II Комнен, Богородица со Бебето Исус и Унгарската Принцеза Ирена

Св. Софија, Ѕиден мозаик, Најголемите Цареви ја даруваат Мајката Божја,
Јустинијан Велики ја подарува макетата на Св. Софија (Аја Софија) на Мајката Божја додека Светиот Цар Константин ја дава макетата на новиот град на Православието, Константинопол

Св. Софија, Ѕиден мозаик посветен на Исус Спасителот (стил „Исус од Капијата“), изработен веднаш по ослободувањето на Константинопол од Крстоносните освојувачи од страна на Императорот Михаил VIII Палеолог во 1261, изработен е во надеж дека Царството повторно ќе воскресне со стариот сјај. За жал, тоа никогаш не се случило

Св. Софија, Крстилницата

Изглед на Св. Софија од Византиско време

Св. Софија, од дворот

Св. Софија денес, и плоштадот Султан Ахмет (Августеум) Со декрет на Мустафа Кемал-Ататурк прогласена е за музеј во 1932 година

Подземниот резервоар за вода „Базилика“ веднаш до Св. Софија

„Готскиот“ монумент на Акрополот

Византиски крст изгравиран на урнатини на Акрополот

Монументот на Марсијан

Остаток од Триумфална арка, плоштад Султан Ахмет (Августеум)

Константин Велики, Археолошки Музеј-Истанбул

Црква Св. Ирина, денес музеј. Изградена е во IV век од страна на Константин Велики врз остатоците од храм на божицата Афродита. До изградбата на Св. Софија служела како соборен храм. Никогаш не била претворена во џамија. По падот на Византија служи како оружарница на палатата Топкапи изградена во непосредна близина. Има прекрасна акустика и во неа се одржуваат концерти.

Египетски обелиск на местото на некогашниот Хиподром. Приказ на Теодосиј Велики и неговото семејство, прикажани во царската ложа на Хиподромот. Обелискот над нив е стар 3500 години, од времето на Фараонот Тутмозес III и е изработен во спомен на победата на Египќаните над Хетитите. На врвот на обелискот е прикажан самиот Фараон како се ракува со врховниот бог Амон Ра. Во Константинопол е пренесен од храмовите во Карнак (Египет) токму од Теодосиј Велики (V век). Бил скратен за цели 15 метри за да може да се натовари на брод. Изработен е во египетски црвен синајски гранит

Обелискот на Константин Порфирогент (Македонска династија). Го изградил во спомен на својот дедо, Василиј I Велики, основачот на Македонската инастија во Византија. Бил обложен со бронзени плочи. Страда од крстоносците кои ги извадиле плочите и од нив исковале монети. Лоциран е исто така на некогашниот Хиподром, веднаш до Сината Џамија (Султан Ахмед)

Поглед на некогашниот Хиподром, Серпентината и Египетскиот обелиск

Византија, остатоци на Акрополот

Византија, остатоци на Акрополот

Најдоброто Турско кафе (кахве)…

…и нормално, Турски чај испиен во Султан кафе, веднаш до Сината Џамија и некогашниот Хиподром

Зајдисонце на некогашната Виа Ауреа

Споменик на Мустафа Кемал Ататурк, таткото на модерна Република Турција

Златниот Рог, лево е Константинопол, десно е Галата (Пера)

Печатот на последната Византиска династија – Палеолози

Црквата Исус Спасителот-Хора/Чора (на село) или Карије Џамија, изградена во V век и обновена за време на Палеолозите од Теодор Метохит. Ги има најубавите мозаици веднаш по Св. Софија

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Црквата Исус Спасителот (Карије Џамија), денес музеј

Тројните Теодосиевите ѕидини. Ги изградил префектот Антемиус во V век по налог на Императорот Теодосиј за заштита на градот од копнената страна. Прв и единствен пат се пробиени на 29 мај 1453.

Теодосиевиот Ѕид

Теодосиевиот Ѕид денес, тешко оштетен од бомбардирањето на Турците во 1453. Ова е веројатно воената порта Св. Роман (Пемптон)


Кичевчанец, вечен им покој на паднатите во одбраната на Констанипол!
Сакам да те прашам дали ти си за идејата на панславизмот, односно една голема обединета пансловенска држава? Држава која што со помош на Русија би ја воскреснала Византија со центар во Москва како трет Рим, наследник на вториот Рим, кој бил кој ако не друг – Констанинопол.Денес,тоа не е видливо за обичниот човек,Запад и Ватикан со помош на исламот сакаат да ја сотрат оваа идеја за панславизмот и третиот Рим.
http://www.ivonazivkovic.net/Islam%20Prvi%20deo.htm
http://www.ivonazivkovic.net/islam%20drugi%20deo.htm
Поздрав ИМПЕРАТОРЕ! +
Обемна тема
Поздрав
Одличен спот на Кан Атила посветен на датумот
Sultanlar Askina (For the love of the sultans)
http://youtube.com/watch?v=I1Q2baIUk9E
Кичевчанец: Очигледно добро си бил поткован пред да тргнеш на пат за Цариград! Аферим!
Византија продолжила да живее..
еднаш посочив..
http://revision.blog.com.mk/node/50784
кој е моментот кога почнале големите глупости во пишувањето на историјата?..
дали со појавата на дрн..дрн.. и панславизмот?..
Искрено, бев во некое бунило. Помешани чувства. Ми поминаа сите духови од минатото. Кога ја мерев патеката преку Google Earth не ми се веруваше колку сум пешачел. Неможам да го опишам филингот. A многу причини за сето тоа. Одам повторно ова лето. Поздрав