- Ова за мене е извонредно важен ден. Се отвораат вратите на ЦЕРН, најголемиот истражувачки центар во светот, а не само во Европа. Овој ден јас го очекував точно 42 години, бидејќи тогаш дојдов во ЦЕРН и долго време бев осамен, бидејќи Југославија не беше членка. Но сега конечно ќе се отворат вратите за македонските универзитети да работат во оваа средина – вели Димчовски.
Неговиот колега Јован Митровски, доктор на науки по експериментална физика, е вториот Македонец, кој во ЦЕРН работи две години. Тој зад себе има два докторски труда на американските универзитети, а во моментов е на постдокторски студии. Потешко зборуваше македонски јазик, но затоа за македонските новинари организира разгледување на истражувачкиот центар и детален опис на работата на акцелераторот, кој ќе остане запаметен во историјата како Биг бенг.
- Роден сум во Битола, а во Швајцарија односно во ЦЕРН работам две години. Пресреќен сум што Македонија го потпишува овој договор – вели Митровски.
Глетката во истражувачкиот центар е повеќе од импозантна. Таму работат околу 5.000 научници, од кои најголемиот дел имаат напишано по најмалку три докторски труда. Седиштето на ЦЕРН е во близината на Женева, на границата со Франција, а буџетот на оваа истражувачка организација е една милијарда евра годишно, во која партиципираат 20-те држави-членки.
Големиот хадронски акцелератор на ЦЕРН првпат беше пуштен лани во септември. Настанот предизвика огромно внимание во јавноста поради експериментот што требаше да го даде одговорот за создавањето на вселената. Гигантскиот акцелератор е поставен во тунел долг 27 километри и има вакуумска цевка сместена на 100 метри под земјата.
По 11 дена експериментот беше запрен и одложен поради дефект. Во октомври годинава се очекува тој да биде повторен. Во акцелераторот во двата правца ќе бидат пуштени забрзани снопови на протони, за да се предизвика судир, а научниците очекуваат да дојде до ослободување енергија и до појава на голем број честици, какви што постоеле во времето на големата експлозија.
Револт од Грција поради потпишувањето на спогодбата
Со овој договор се отвораат можностите не само за едукација и истражување туку и за добивање грантови, опрема, трансфер на знаење и на технологија, што ќе помогне многу луѓе во Македонија да одат напред во своите научни амбиции, изјави вчера премиерот Никола Груевски откако ја потпиша спогодбата со директорот на ЦЕРН Ролф Хојер.
Инаку, членка на оваа истражувачка организација е и Грција, а од официјална Атина стигнал револт и неодобрување на најавата дека Македонија ќе соработува со ЦЕРН. Премиерот Груевски призна дека стигнале реакции од Грција, но дека тие биле надминати, по што договорот се потпиша под уставното име на Македонија.
- Ова е одлична шанса за Македонија, за македонските студенти, професори, истражувачи, за сите оние што сакаат на некој начин да се вклучат да придонесат и за себе, и за државата, но и за светот. Уште ова лето група македонски студенти и професори ќе престојуваат во оваа организација за да придонесат со својот ум и знаење, како и со својата истражувачка моќ – рече Груевски.
Во првите три години Македонија нема финансиски да партиципира во работата на оваа организација, а компјутерскиот систем на ЦЕРН ќе биде директно поврзан со неколку истражувачки институции во Македонија.






По повеќе од 17 години непобедливост, неприкосновениот тим на Ѓорче Петров конечно загуби натпревар во домашното првенство, со резултат 27-28, од Кале, во Кичево. Во досегашната ракометна историја на женските натпревари во самостојна Македонија, Кале е вториот тим што успеал да го победи Кометал ЃП. Тоа прво му успеа на Вардар Срем во 1994 година во полуфиналето на Купот.
Тефтери ли се тефтери… време беше да ги кажат јавно дека ги водат. Јас пред некое време зборував за истиве тефтери, арно ама ги води една друга креатура, тука на блогосверата (
Слоба, шлеперче вакво за ваму, шлеперче такво за таму… добра кешовина се праеше. Склепај еден ТАТ, застрелај неколкумина во Гостивар, исплаши раја дека ќе се дели Македонија и мирна ти е главата некој месец. Сега некои клети вмровчиња им ги поматија сметкиве, па компартиската удба мора да прави дополнителни „евиденции“. „Ем вмровчиња, ем мангупчиња“ како што не толку одамна, мудро заклучи Б.Ц.
Сепак, нешто не ми се верува дека Фрле и весела дружина ќе имаат „могучност“ да реализираат нешто од евиденцијава. Не дека удба нема више инсталации за уништување „непријатеља“. Нив им е вродена омразата, тие просто живеат за тоа да им го направат на неистомислениците, некој вид на патологија. Ама тешко дека ќе имаат власт па по „легален“ пат за застрелаат уште некого, да исконструираат случаи, да ве шутнат од работа, да ве жигосаат за неподобен… и слични работи. А знам дека горат од желба да го прават тоа и се споулавени што не се во можност да го направат. Не се зезам, оваа класа градеше кариери преку мртви трупови минатите 60 години. Верувајте, незнаат поинаку. И овој професоров, наместо да пишува книги и да образува студенти, еве, ни открива дека води тефтери. Џукела.
кој завршил на улица за овие 2 и кусур години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За воља на вистината знам барем неколку десетини кои добиле работа, а претходно биле окорели војници на СДСМ. А и обичниов СДСМ нема врска со мојов текст нити имам нешто против него. Жал ми е за сиот народ таму кој го третираат како малоумен и како стока и секој ден им ги слуша глупостиве. Не се ни свесни луѓето со кого си имаат фатено работа. И ич не ги разбирам зошто се влечат сеуште по нив.





